Традиционална сангрија
Состојки
- 1 л црвено вино
- 100 мл шток или бренди по желба
- 100 мл свежо цеден сок од портокал
- 3-4 лажици шеќер
- 1 портокал сечкан на тенки кругови
- 1 лимон сечкан на тенки кришки
- 1 лимета сечкана на тенки кришки
- 1 јаболко сечкано на тенки полумесечинки
- 200 мл газирана вода
Подготовка
Сангријата е шпански пијалок, а своето име го добила од зборот сангре, што во превод значи крв. Овој коктел претставува фантастична комбинација од свежо овошје и црвено вино. Постојат повеќе различни рецепти за правење на сангрија, а јас ќе ви го претставам овој, кој највеќе наликува на традиционалната сангрија.
Ги мешаме виното, брендито, сокот од портокал и шеќерот, се додека шеќерот да се растопи. Потоа го додаваме свежото сечкано овошје и садот го ставаме во фрижидер. Пред сервирање додаваме газирана вода и мраз. Сервираме во чаќи и украсуваме со листови од нане.
Пријатна забава со пријателите!