Штангли од палачинки и мелено месо
Состојки
- 250 гр мелено месо
- 1 главица сецкан кромид
- 50 гр доматно пире
- вода, сол, зачин, оригано, магдонос, масло
- 10-12 претходно испржени палачинки
- 300 мл претходно спремен бешамел сос
- 10 листови кашкавал
Подготовка
Еве предлог за вкусно и лесно мезе, кое наликува на лазањи.
Најпрво спремете ги палачинките на вообичаен начин.
На загреано масло се пропржува исецканиот кромид, па се додава меленото месо, зачините и на крај се додава доматното пире кое е растворено во малку вода.Се динста на тивко да испари течноста.
Дното на ватростален сад малку се премачкува со масло, се ставаат 2 палачинки, па од меленото месо 1-2 лажици, па 1-2 лажици бешамел сос, и се повторува постапката до крај да се истроши материјалот.
Најгоре се редат листовите кашкавал и се запекува во релна околу 30 минути.