Коктел ќофтенца со гриз
Состојки
- 300 гр мелено месо
- 1 главица сецкан кромид
- 2 јајца
- 200 мл вода
- 2 лажици гриз
- 3 лажици брашно
- 1 пециво
- сол, бибер, зачин, магдонос
- 300 мл масло за пржење
Подготовка
Еве предлог за коктел ќофтенца, кои одлично одговараат за закуски, родендени, имиња, згодни за сервирање, во овали, самостојно ....Изборот е ваш
Бараат само 15 минути за работа.
Во еден сад се ставаат сите состојки, се промешува се заедно со вилушка и се остава смесата во фрижидер да одстои околу 1 час(не е грешка и цела ноќ да биде во фрижидер)
Со помош на намрсено лажиче се вадат форми и се пржат на загреано масло.
се редат на хартија да се упие маснотијата, па се сервираат по желба.