Видео рецепт: Домашни ќебапи
Состојки
- За ЌEБАПИТЕ ќе ви треба:
- 750 гр. јунешко мелено месо
- 250 гр. јагнешко мелено месо
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка мешан зачин
- 1/2 лажичка бибер
- 4 чешниња лук
- 1 голем кромид
- 1 лажица кајмак
- малку газирана вода
- малку зејтин
- 100 гр. брашно
- Ќе ви треба и:
- Лепиња за послужување
Фичо ќе ни покаже како да подготвиме домашни ќебапи, и тоа на Босански начин.
Подготовка
Чекор 1: Кромидот и лукот исецкајте ги ситно, но не во блендер за да не пуштат вода. Додадете ги во смесата од мелено месо, заедно со другите состојки. Потоа месете ја смесата додека убаво не се спои и стане рамномерна. Оставете ја да отстои најмалку 6 часа.
Чекор 2: Тавата прелијте ја со малку масло и оставете ја да се загрее. Со раце формирајте ги ќебапите и печете ги од двете страни додека не бидат готови.
Чекор 3: Откако ќебапчињата се готови, на истото тавче запечете ја лепињата во која што ќе ги послужите ќебапите. Попрскајте со мешавина од малку вода, масло и мешан зачин по желба.
Чекор 4: Ќебап без кромид, не е ќебап, па затоа ситно исечкајте еден голем кромид и послужете.
СОВЕТ: Во смесата за ќебапите може да додадете и малку сода бикарбона, за да бидат поровки.