Испечати

Италијанска пита со тиквички

Италијанска пита со тиквички

Состојки

  • За тесто
  • 300 мл. млака вода
  • 20 гр. квасец
  • 600 гр. бело брашно (отприлика)
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка шеќер
  • по потреба пченкарно брашно (за корите)
  • За фил
  • 2 средни тиквички
  • 1 главица виолетов кромид
  • 4-5 зелени полнети маслинки
  • по вкус сол, бибер, оригано
  • 2 јајца
  • 5 лажици рендан пармезан (или кашкавал по вкус)

Подготовка

Подготовка

1. Најпрво се приготвува тестото. Квасецот се растопува во млаката вода со шеќерот. Потоа се додава брашното, маслото, солта и се замесува меко тесто. Јас најпрво додавам 500 гр.брашно и потоа во месењето додавам колку што ми е потребно за да се добие убаво меко тесто кое не се лепи. Кога е убаво замесено се остава да стаса (да го удвостручи обемот).

2. За тоа време се приготвува филот. Тиквичките и кромидот се сечат на тенки кругови (јас тиквичките не ги лупам) и кратко време се пржат на грил тава. Се оставаат да се оладат.

3. За ова време тестото обично е стасано се дели на два дела, се обликуваат топки и се оставаат 15 мин. да одморат покриени со крпа. За тоа време малку ќе нараснат и ќе бидат меки за обликување. Потоа се расукуваат и растегнуваат со рака за да се добијат кори малку подебели од тие за пица.За посипување се користи пченкарно брашно.

4. Едната кора се става во тавата во која ќе се пече, на нејзе се редат тиквичките, кромидот, сецканите маслинки, сол, бибер и оригано по вкус и на крај разматените јајца со пармезанот. Оваа кора треба да биде малку поголема и да ги покрива и страниците на тавата.

5. Се покрива со другата кора и се затвараат корите да не истекува филот. Питата се сече со нож на парчиња, се остава 10 мин. покриена со крпа и потоа се пече на 200Ц-180Ц додека не се зацрвени и испече убаво.

6. Испечената пита се покрива со крпа и се остава да се олади.

Многу е убава и мека и другиот ден.