Моите вкусни погачи
Состојки
- За една погача
- 350 гр брашно
- 200 гр царевно (пченкарно) брашно
- 1 квасец (коцка 40гр)
- 100 мл млеко
- 50 мл масло за јадење
- по потреба топла вода за замесување (окулу 200-250мл)
- малку сол
- 2 јајца (едната жолчка се трга за премачкување на погачата со сирење)
- 1 лажичка сенф (за премачкување на погачата со сувомесно)
- 1/2 лажичка шеќер
- За фил за погачата со сирење
- 2 јајца
- 200 гр урда
- 150 гр сирење
- За фил за погачата со сувомесно
- 100 гр урда со ситно сечкани парченца од пиперките во неа
- 100 гр млечен кашкавал
- 2 лентички димен свински врат
- 2 лентички шунка
- 3-4 парченца чајна колбасица
- 3-4 перца од младо кромидче
- 2 лажици мајонез
- малку маргарин (за премачкување на 4-те кори на погачата со сувомесно)
- малку сусам (за попрскување врз погачата)
- малку афион (за попрскување врз погачата)
Подготовка
1. Квасецот се става да стаса во млакото млеко
2. Брашното и палентата со солта и шеќерот, маслото за јадење и двете белки и едната жолчка се ставаат во сад за месење
3. Во брашното се додава стасаниот квасец и се заедно се замесува. По потреба се додава топла вода
4. Се остава 30-40 мин да одмори тестото, да нарасне
5. Погоре наведените состојки се за една погача. За двете ја дуплирав дозата
6. Откако ќе стаса тестото го делам на два дела (за погачата со сирење и за погачата со сувомесно)
Погача со сирење
1. Тестото го поделив на 6 дела и сите ги сукав со малку поголема должина од тавчето, за да мошам малку да ги наберам корите
2. Секоја кора ја попрскував со малку масло за јадење и ја попрскувавсо филот од сирење и јајца
3. Најозгорната кора ја премачкав со матената жолчка со малку масло за јадење и ја попрскав со сусам и афион
4. Тавчето беше бр. 30
Погача со сувомеснато
1. Вториот дел за погачата со сувомесно го поделив на 4 дела и секој дел го премачкав со малку маргарин
2. Врз секоја кора премачкував со филот од урда, мајонез и пиперки ситно сечкани и врз неа ставав од ситно сечканото сувомесно, кашкавал и зелени перца од младо кромидче
3. Врз најозгорната кора премачкав со сенф и попрскав со сусам и афион
4. Тавчето бече бр 28
Двете погачи ги оставив да отстојат околу 30 мин да нараснат малку и потоа ги печев на 180 С во загреана рерна