Роберто торта
Состојки
- За кората (три кори)
- 8 белки
- 8 лажици шеќер
- 3 лажици презла
- 150 гр сечкани урми
- 80 гр сечкани ореви
- 80 гр мелени ореви
- 1/2 пакетче прашак за печиво
- За кафен фил
- 24 жолчки
- 12 лажици шеќер
- 300 гр чоколадо
- 4 пакетчиња ванилин шеќер
- 370 гр путер
- 500 гр шеќер во прав
- За жолт фил
- 4 пакетчиња шлаг крем од ванила
- 4 филџани (за кафе) млеко
- За декорација на тортата
- 500 мл слатка павлака
- малку розова боја
Подготовка
Подготовка на корите
1. Се матат прво белките со шеќерот
2. Потоа се додава презлата, оревите и сечканите урми и печивото
3. Се пече во загреана рерна на 180 С на хартија за печење во плех со димензии 25 на 40
4. Се печат 3 вакви исти кори
Подготовка на кафениот фил
1. На пареа се варат жолчките со шеќерот (јас ги варам директно на плин со постојано брзо мешање)
2. Се додава чоколадото и ванилите и се остава да се излади
3. Се мати настрана путерот со шеќерот во прав и се соединува со изладениот кафен фил
Подготовка на жолтиот фил
1. Шлаг кремите со млекото се матат за жолт фил
Редење на филовите и корите оди по следниот редослед
1. Прво кора, па кафен фил, па врз него жолт фил. Оваа постапка се повторува три пати
2. Најозгора се става матената слатка павлака со малку розова боја.