Испечати

Колачиња со лешници и суво грозје

Колачиња со лешници и суво грозје

Состојки

  • 300гр. мелени бисквити
  • 50гр. суво грозје
  • 50мл. млеко
  • 10гр. маргарин
  • 50гр. чоколадо за готвење
  • за глазура
  • 100гр. чоколадо за готвење
  • 3 лажици масло
  • цели лешници

Подготовка

Во сад на оган ставете го млекото да се стопли заедно со маргаринот. Кога ќе се стопи ставете го и чоколадото. Во овој сад ставете ги мелените бисквити и убаво измешајте. Кога смесата ќе се излади ставете го и сувото грозје. Смесата јас ја ставив во долганавест калап обложен со најлонска фолија(можи во каков сакате). Оставете да се здрви ставете ја глазурата и сечете парчиња. На секое парче ставете по еден лешник.