Колач со чоколадо и ореви
Состојки
- 4 јајца
- 200гр. шеќер во прав
- 1 пециво
- 150гр. маргарин
- 2 лажици рум
- 15 лажици брашно
- 150гр. сецкани ореви
- 100мл. јогурт
- 100гр. чоколадо за готвење
- 2 лажици чоколадно какао
- за посипување на колачот
- 50гр. чоколадо
Подготовка
Најпрво избијте ги шеќерот во прав со маргаринот и потоа постепено додавајте ги јајцата (едно по едно). Кога убаво ќе се избијат додадете го јогуртот и потоа какаото, пецивото и брашното. На крај ставете го чоколадото, оревите и румот.
Смесата истурете ја во намрсен калап и печете на 180 степени околу 40 мин. Кога ќе биди испечено извадете го од рерна и оставете да се излади, а потоа премачкајте го со топено чоколадо и рендано чоколадо.