Испечати

Компир со колбаси

Компир со колбаси

Состојки

  • 1кг компири
  • 500-600гр колбаси
  • 500гр домашна доматна салца (доматен сос)
  • 2главици кромид
  • 1 морков
  • 2лажици брашно
  • 1лажица сув босилек или 10 листови свеж
  • 1/2лажица буковец
  • 1лажица ким
  • 1лажичка црн бибер
  • 150-200гр бело сирење

Подготовка

Компирот се лупи и се сече на коцки. Се налева со зејтин, малку се насолува и се става да се пече со фолија околу 15 минути на 200 степени.
Додека се пече компирот се подготвува преливот.
Кромидот и морковот се чистат и ситно се сецкаат. Колбасите се сечат на тркалца и се ставаат да се пропржат малку. Се ваѓаат настрана и во истиот зејтин се пржат кромидот и морковот. Се пржи додека кромидот не омекне, а потоа се додава и брашното. Се запржува и се налева со сосот од домати. Смесата се остава да фати неколку кључа.
Компирот се ваѓа од рерна, се одстранува фолијата, се додаваат колбасите и сосот и убаво се промешува. Се зачинува со буковецот, кимот, босилекот, 1-2 лажици мешан зачин по вкус и одкако ќе се покрие со фолија се враќа во рерна да се допече уште 20 минути. Пет минути пред крај се ренда сирењето и ручекот се враќа во исклучена рерна.
Јас користев колбаси-крањски, а вие по ваш избор. Кој сака може да користи и домашни лути само да не бидат многу суви да бидат онака-помрснички.