Коктел од диња и малини
Состојки
- 1/2 диња
- полна рака малини
- 5-6 листови свежо нане
Подготовка
Се зема полна рака од мразот и се блендира. Се распоредува во чашите во кои ќе служите. Количеството е по ваша желба. Јас ставив само на дното (еден палец).
Се чисти дињата и се става во соковик (може и блендер). Се истура во чашите.
Малините се ставаат во соковник, се додаваат неколку коцки мраз и нането.
Од смесата со малини земаме со мала лажичка. Ја доближуваме лажичката на стаклото од вантрешниот дел на чашата и правиме круг. Така повторуваме додека не се направи убав слој.