Испечати

Коктел од лубеница

Коктел од лубеница

Состојки

  • 1,5 кг лубеница
  • 15 лажици шеќер
  • 400мл бело вино
  • 1 паковка ванилен шеќер
  • 1 лимон

Подготовка

На оган ги ставаме шеќерот ванилата и белото вино.
Промешуваме додека не се растопи шеќерот.
Потоа ја тргаме течноста на страна иоставаме да се излади.
Лубеницата ја сечеме ипополека ги вадиме семките, а потоа ја сечеме на коцкички.
Го цедиме лимонот и со сокот ги попрскуваме парчињата лубеница.
Прелеваме со изладената течност.
(Ако сакате да биде по јак,слободно додадете повеќе вино.)
Оставете го коктелот еден час во ладилник, а потоа служете го со многу коцки мраз.
Забелешка
Дозволено е и присуство на диња во коктелот. Но секако се работи за вашиот вкус.
На здравје