Испечати

Завтикано прасенце

Завтикано прасенце

Состојки

  • 600 гр варени компири
  • 100 гр брашно
  • 1 јајце
  • 1/2 лажиче мешан зачин
  • малку сол
  • 40 гр маргарин
  • за валкање презла
  • 4 парчиња виршла со кашкавал (може и мини виршли)

Подготовка

1. Компирите се пасираат (но не како за пире, туку да има ситни парченца компири измеѓу)
2. Се додаваат зачините, маргаринот, јајцето и брашното и се замесува тесто
3. Од оваа смеса се делат 20 топченца кои се расплескуваат на раката и во нив се додава по мало парче виршла (не најдов овојпат од мини виршлите во маркетот) и се завиткува пак
4. Се валкаат во презла и се пржат во врело масло