Летен коктел од капини
Состојки
- 1 тегла компот од капини
- 150 гр шеќер
- 1 пакетче ванилин шеќер
- 1/2 сок од лимон
- 30 мл рум
- 1 рака капини од компотот
Подготовка
1. Сокот од капини се прецедува во еден сад и заедно со шеќерот и ванилата и
медот се вари околу 15- 20 мин да стане погуст сокот, како шербет што се вари
2. Се трга од огинот и се остава да се излади
3. Се додава исцедениот сок од лимон, румот и капините
4. Се остава во ладилникот добро да се излади
5. Може да се послужи и со коцки мраз
НА ЗДРАВЈЕ !!!