Испечати

Посна пица (без масло)

Посна пица (без масло)

Состојки

  • Тесто
  • 150гр, сварен зеленчук (морков и компир)
  • 1/3 коцка квасец
  • 50мл. вода
  • 200гр. брашно
  • 1 чешне лук
  • по вкус зачини сол, бибер, мешан зачин, мајчина душичка
  • 1/2 лажичка шеќер
  • За филување
  • 1 лажичка сенф + 2-3 лажици кечап
  • по вкус оригано и сусам
  • 1 пиперка
  • 1 домат
  • 1/2 тиквичка
  • 5-6 свежи шампињони (на листови)

Подготовка

Веќе е последната недела од постот, но се надевам ќе се најде и овој рецепт. Без масло е, па може да послужи и за строг пост. Доколку си користите масло, слободно ставете во тестото 1-2 лажици.

1. Компирот и морковот треба да бидат убаво сварени и испасирани (може и само со компир, а може да додадете и брокула во тестото). Во 50мл. растворете го квасецот со шеќерот и малку брашно и оставете да надојде.
Во испасираниот зеленчук додадете малку брашно за да се разлади и додадете ги зачините. Лукчето со малку сол истолчете го па додадете го и него во садот. Потоа додадете го и квасецот и остатокот од брашното и замесете меко малку лепливо тесто (количината на брашно може и да варира, но да не претерате). Оставете го тестото да стаса.
2. Тиквичката излупете ја и исечете на кругови (3-4мм дебелина). По желба можете кратко да ги обарите или да ги ставите на плех обложен со фолија и во рерна. Јас ги ставов во рерна малку да омекнат и да добијат боја. Листовите печурки кратко обарете ги само да омекнат.
3. Кога тестото е стасано ставете го на набрашнета хартија за печење и малку со сукало развлечете го. Потоа префрлете во тава (бр. 26) и со раце доместете го до краевите. Измешајте ги сенфот и кечапот и убаво премачкајте го цело тесто, наросете со сусам и оригано. Прво распоредете ги круговите тиквичка, печурките, сецканата пиперка и од горе сецканиот домат. Може да дополните со кромид и маслинки по желба.
Ставете да се пече во претходно загреана рерна, околу 20-25мин (во зависнот од рерната).
Послужете додека е топла.

Добар апетит =)