Испечати

Колач со вишни и крем од пудинг

Колач со вишни и крем од пудинг

Состојки

  • - фил од вишни -
  • 0,5 кг вишни
  • 600 мл вода
  • 220 гр шеќер
  • 150 гр гриз
  • - пудинг фил -
  • 2 пак. прашок за пудинг од ванила
  • 6 лаж. шеќер
  • 750 мл млеко
  • 2 пак. ванилин шеќер
  • 250 гр маргарин
  • 200 гр шеќер во прав
  • - уште -
  • околу 150 гр бисквити
  • 2 пак. шлаг пена

Подготовка

На дното на тава 20х30 наредете ги бисквитите.
Вишните и водата и шеќерот ставете ги да се варат. Кога убаво ќе се загреат, додадете го го гризот и варете со постојано мешање неколку минути додека убаво се згусти.
Смесата веднаш, уште жешка истурете ја врз тавата со бисквити.

Сварете ги пудинзите со млекото и шеќерот и ванилите и оставете да се лади.
Посебно изматете го маргаринот со шеќерот во прав и измиксајте го во оладениот пудинг. Смесата премачкајте ја врз филот од вишни.

Изматете го шлагот по упатството. Наместо обична вода за поубава цврстина користете газирана. Одозгора премачкајте со шлаг и оставете го колачот убаво да стегни во фрижидер до служење.