Посна проја со свежи шампињони
Состојки
- шоља од 300мл
- 1 шоља пченкарно брашно
- 1/2 шоља пченично брашно
- 1/2 шоља интегрално брашно
- 1/2 шоља масло
- 1,5 шоља газирана вода
- 1 лажичка сол
- 250гр. свежи шампињони
- 1 пециво
- За посипување
- 2 лажици ленено семе
Подготовка
Во подлабок сад измешајте ги трите вида брашно, пецивото и солта.
Додајте го маслото и киселата вода и измешајте убаво со жица за да не останат грутки.
Печурките исечете ги на тенки листови и додајте ги во смесата.
Промешајте уште еднаш.
Истурете ја смесата во сад за печење(претходно премачкан со масло и набрашнет).
Посипете ја со лененото семе.
Печете на 200 степени, 35-40 минути.