Испечати

Сладолед од кокос

Сладолед од кокос

Состојки

  • 3 јајца
  • 3 лажици шеќер
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • 100 гр кокос
  • 200 мл слатка павлака

Подготовка

1. Белките се матат пенасто со пола од шеќерот и ванилата
2. Жолчките се матат со другата половина од шеќерот
3. Се мешаат двете смеси со лажица и во нив се додава кокосот
4. На крај се додава матената слатка павлака
5. Се става во пластична кутија и се замрзнува