Карамелизирани бисквитни коцкички
Состојки
- 350 гр бисквити
- 2 чоколадни бананчиња
- 100 мл слатка павлака
- За фил
- 250 гр шеќер
- 500 мл млеко
- 1 чоколаден пудинг
- 2-3 лажици густин
- 1 пакетче ванилин шеќер
- 50 гр + 50 гр сечкани + мелени ореви
- 150 гр маргарин
Подготовка
1. Шеќерот се топи како карамела
2. Во него се додава топлото млеко и се меша со лажица додека се растопи шеќерот
3. Се додава растворрениот пудинг и густин и се вари додека не се направи густ крем (пудинг)
4. Се додава ванилата и се остава да се излади
5. На изладениот пудинг се додава петходно изматениот маргарин
6. Бисквитите можат, но и не мораат да се топат во млакпо млеко и се редат (јас редев по 20 бисквити во 3 реда)
7. Секој ред го премачкав со фил, а во вториот ред додадов и сецкани чоколаднои бананчиња
8. На крај врз секоја коцка декорирав со матена слатка павлака и чоколаден прелив