Шприц Аперол (Spritz Aperol)
Состојки
- 90мл бело вино
- 60мл аперол
- 60мл кисела вода
- 3 коцки мраз
- 1 зелена маслинка
- 1 стапче за ражнич
- 2 парчиња портокал
Подготовка
Овој алхохолен коктел е најпопуларен италијански аперитив кој најчесто се служи со чипс и зелени маслинки.
Во една чаша ставете ги коцките мраз и парчињата портокал. Додадете го виното, аперолот и водата. Маслинката боцнете ја на стапчето, измешајте го коктелот и послужете го.