Жемљи
Состојки
- 1 кгр. брашно
- 40 гр. квасец
- 200 мл. млеко
- 350 мл. вода
- 50 мл. зејтин
- 1 рамно полна лажица шеќер
- 1 рамно полна лажица сол
Подготовка
Жемљи - најчесто си ги нарекувам Земички, ама ај нели да не прекрстувам божемски рецептот. Од оваа количина најмалку можете да направите 16 на број, а доколку ги правите помалецки, тогаш нели знаете, повеке ќе се. Јас кога и да ги правам секогаш 20 ми излегуваат.
- Пресејте го брашното во садот во кој ќе месите. Направете кратерче, во него ставете околу 100 мл. вода, квасецот тука растворете го, додајте шеќерот, разбрајте малку додавајки си од брашното да добиете кашеста смеса. Покријте и оставете да стаса.
- Откако стасал квасецот, сега додадете ги останатите состојки и замесете убаво компактно тесто, малку е помеко, но убаво се работи. Веднаш поделете го на топчиња, измесете ги и формирајте топче.
- Со рачката од дрвената бркалка направете ги шарите. (погледнете од помошните фотографии)
- Откако сите сте ги направиле, наредени во тавата во која ќе печете, покријте ги нека стасат (околу 20 мин.)
- Ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 220 степени околу 10-15 мин, извадете ја тавата од рерната, со четка премачкајте ги зејтин сите жемљи, вратете назад во рерната околу 5 мин. да добијат убава браонкаста боја.
Печени извадете ги, покријте со крпа и нека се оладат.
Топло ви ги препорачувам, супер се!
Забелешка
Можете и да експириментирате со нив, јас едни ги премачкав со жолчка и посипав со микс од семиња.