Коктел јагоди и вотка
Состојки
- 250гр. јагоди
- 150мл. вотка
- 100мл. газиран сок од цитрон
- сок од пола лимон
- 8 коцки мраз
- 50мл. сируп од јагоди
Подготовка
Многу лесен и освежителен коктел за топлите денови, кои може да си го направите и без алхохолен заменувајки ја вотката со сок од цеден портокал.
1. Измијте ги јаготките, исцедете ги и остранете и ги листовите.
2. Јагодите, сокот од лимон и сирупот од јагоди најпрво испасирајте ги со блендер.
3. Потоа испасираните јагоди и останатите состојки измиксирајте ги со сечко или шејкер шише.
Толку, брзо, лесно и верувам дека ќе ви се допадне.