Испечати

Ликер од вишни

Ликер од вишни

Состојки

  • 0,500 л ракија
  • 0,500 л шеќер
  • 350гр вишни

Подготовка

Ракијата, шеќерот и вишните ги ставаме во стаклено шише и го затвораме убаво. Го оставаме да стои 40 дена на сонце, а во меѓувреме го промешувеме шишето за шеќерот да се растопи убаво. По 40 дена го прецедуваме и се чува во стаклено шише убаво затворено.