Колач со малини
Состојки
- За кората
- 3 жолчки
- 200 гр. шеќер
- 1 ванила
- 200 мл. млеко
- 100 мл. зејтин
- 250 гр. остро брашно
- 1/2 кесичка пециво
- 500 гр. малини
- За беланецот
- 5 белки
- 200 гр. шеќер
Подготовка
Сезоната им е.
Малините измијте и оставете да се цедат.
- Со миксер матете ги жолчките постепено додавајки од млекото и на крај додадете го зејтинот. Додадете го и брашното измешано со пецивото. Добиената смеса излијте ја во плекче 36х22 и ставете да печете во претходно загреана рерна на 180 степени околу 15 мин. Извадете и сега наредете ги малините, вратете во рерната нека се пече уште околу 20 мин.
- Додека се пече, вие сматете ги белките со шеќерот.
- Извадете го колачот, ставете го изработениот беланец, вратете назад во рерната за да се потпече истиот, а притоа зголемете ја температурата. Кога беланецот ќе добие бледо браонкаста боја или златно жолта боја - извадете.
Оставете да олади... служете.
Доколку сакате повеке крцкавост на површината од беланецот, тогаш пред да го вратите назад во рерната, посипете одозгора прав шеќер.
Нека ви е слатко!