Испечати

Колач со тиквички (zucchini slice)

Колач со тиквички (zucchini slice)

Состојки

  • 500 гр. крупно рендана нелупена тиквичка
  • 1 главица ситно сецкан кромид
  • 150 гр. сецкана панцета, шунка или по ваш избор сувомеснато
  • 115 гр. брашно
  • 1 лажичка пециво
  • 80 гр. сецкан или крупно рендан кашкавал
  • 5-6 јајца
  • 70 мл. зејтин
  • на вкус сол, бибер, магданос,

Подготовка

Нека го има и овој во рецепт во ризницата на тиквичките.
Постапка
- На зејтин испржете ги кромидот и сувомеснатото кое сте го избрале и оставете да олади.
- Брашното и пецивото измешајте ги.
- Јајцата со вилушка изматете ги, додадете го зејтинот во нив.
- Во брашното додадете и измешајте ги одстоените рендани тиквички кои лесно ќе ги стиснете со раката да се исцедат. Додадете ги оладените испржени кромид и сувомеснато, сецканиот кашкавал, овкусете на сол, додадете бибер и магданос. Измешајте добро, во оваа мешавина додадете ги лесно сматените јајца со зејтинот, измешајте да добиете еднолична смеса, излијте во тавче и печете на 180 степени околу 40 мин.
И така... добар апетит!
Убавината во колачот е тоа што е подеднакво добар и топол и ладен.
Вегетарјанците слободно нека го исфрлат сувомеснатото и ќе бидат задоволни.
Напомена
Внимавајте на солта земајки во обзир кашкавалот и сувомеснатото.