Дарин колач (рецепт од стариот тефтер на мајка ми)
Состојки
- 1 јајце
- 1 шоља шеќер
- 1/2 шоља зејтин (јас по грешка ставив цела шоља)
- 1 шоља млеко
- 2 шољи брашно
- 1 лажичка сода бикарбона или еден прашок за пециво (10 гр)
- 3 големи лажици џем по избор
- шољата е мерица КАПС и е од 240мл
Подготовка
Мати, печи, јади и уживај. Од оние едноставни колачиња што секој пат ни даваат нов вкус, меки и вкусни.
Го најдов рецептот во стариот тефтер. Ова е еден од оние рецепти до кои мајка ми не напишала НЕ, значи добар е =))
Рецептот ѝ го дала тетка ми Даре, затоа со љубов си го крстив Дарин.
Сите состојки изматете ги убаво во мазна смеса. Јас по грешка додадов една шоља зејтин, но по вкусот, не личеше воопшто на грешка и место сода ставив прашок за печиво (снемало сода бикарбона по дома). Супер испадна.
Истурете го во калапот во кој што сакате да го печете и печете во загреана рерна на 200 степени 30ина минути.
Доколку сакате можете да го поспиете со сусам. Овој пат не го посипав, а убав вкус дава сусамот.
Во овој колач додадов џем од праски со лаванда и витамин Ц, рецепт кој го имам поставено на МоиРецепти.
Цела доза пилиштарциве сами ја изедоа. Младунче е адвокатот за двајцата, бидејки Оги Синко е мал и не зборува, па адвокатов со цели 2,5 години ги застапуваше двајцата:
- Мајка, децата се глАни, сакаат блакце =))