Кремасти макарони со млеко, топено сирење и печурки
Состојки
- 500 гр макарони
- 1 литар млеко
- окулу 400-500мл вода
- 6 големи лажици путер или маргарин (не мора)
- по вкус сол, мешан сув зачин, бибер
- 500 гр свежи печурки
- 200-300гр сувомеснато сланина или свински врат (по можност димено)
- 6 парчиња топено сирење
- по желба свеж или сув босилек
Подготовка
Додека да се сварат макароните, јадењето е готово. Мој омилен начин на приготвување храна, брзо, мрсно и со печурки =))
Во големо тенџере ставете ги макароните, млекото, водата, путерот (од кога ги приготвив сфатив дека и не мора да го има), мешаниот зачин, солта и биберот да се варат на среден огин. Јас ги варев на 4ка од 6 окулу 20ина минути. Мешајте повремено да не се залепат макароните за дното.
Додека макароните се варат, исецкајте ги свежите печурки на големина по желба и пропржете ги во врело масло. Пожелно е маслото да е врело, за да се пржат, да пуштат помалку течност.
Исецкајте го и дименото сувомеснато и додадете го во печурките да се пропржи. Додадете го сувомеснатото во печурките од како ќе испари течноста.
Кога во тенџерето со макарони речиси ќе испари течноста, додадете го топеното сирење, па печурките и сувомеснатото и убаво промешајте.
Доколку сакате можете да додадете свеж или сув босилек.
ТАРАААМ!
После ова јадење БЕГАЈТЕ ОД ВАГАТА =))
Морав да го фотографирам вечерта, бидејки до утрото го снема. Калорично, да, но исплатливи калории, чиста среќа =))