Коњичка салата
Состојки
- 10 црвени пиперки
- 100гр крупно мелени ореви
- 50гр маргарин
- 2 лажици маслинов зејтин
- 5 лажици јаболков оцет
- 1 лажица сол
- 1/2 лажица лук во прав
Подготовка
Рецептот е многу стар и едноставен од најстариот-велики европски кувар. Навистина не знам зошто го носи ова име, ама знам дека е вкусен и едноставен.
Пиперките се печат и лупат. Се чистат од семенки и се цепкаат по должина на лентички.
Маргаринот се загрева и се пржат пиперките околу 15 минути додека не испуштат од својот сок. Се ставаат на поголема плитка чинија, се залеваат со зејтинот, оцетот и солта. Се наросуваат со оревите и лукот и се служат.
Лукот може да биде и ситно сецкан свеж во зависност од вкусот, а може и да се изостави.