Испечати

Печено мелено месо во сланина

Печено мелено месо во сланина

Состојки

  • 250 гр мелени пилешки гради
  • 250 гр мелено мешано месо(свинско со говедско)
  • 1 јајце
  • 1 рендан кромид
  • 1 парче леб (потопен во вода па исцеден)
  • 1 лажица мешан сушен зеленчук (зачин)
  • 1/2 лажичка мелен бибер
  • 200 гр пушена сланина
  • 50 гр пушена свинска плешка
  • 50 гр чајна кобасица

Подготовка

Еве ви идеја за неделниот ручек, која може да ја искористите и за некоја празнична трпеза.

Кромидот, јајцето, лепчето и зачините ги мешаме во еден сад и потоа ги делиме на две. Едната половина ја ставаме во пилешкото месо, а другата во мешаното мелено месо. Со парчињата сланина го обложувам садот во кој ќе се пече месото. Ставам половина од мешаното месо. Во пилешкото месо ставам сечкани мали коцки од свинската плешка и чајната. Врз мешаното свинско го ставам целото пилешко мелено, па втората половина од мешаното месо. Печеме на 200-220 степени, додека да зацрвени месото.
Забелешка
За печење го користев Делимано силиконскиот калап за векни, многу убаво ми се најде за мевцево. Мислев, кога го наполнив до врв, со месо, дека ќе имам проблем со печењето, дека ќе ми тече или слично, ама излезе дека впрочем месото се собира при печење, нели, така да совршено се испече. После печењето извадете го од калапот и многу е важно да го изладите добро пред сервирање, затоа што така излегуваат многу убави парчиња.
Пилешките гради ги мелам во сечко. Ако немате сечко, замолете го месарот да ви ги сомеле. За декорација внатре во месото, може да користите и печеница, шунка и сл. Ако ви се јајцата помали, може и две да се стават.