Испечати

Бомбици со свежи банани

Бомбици со свежи банани

Состојки

  • 2 убаво зрели свежи банани
  • 250 гр шеќер во прав
  • 250 гр кокос
  • 250 гр мелени бисквити
  • 250 гр мелени ореви

Подготовка

1. Бананите се лупат и во подлабок сад убаво се пасираат.
2. Во испасираните банани се додава шеќерот во прав и убаво се промешува да се соедини со бананите.
3. Кон оваа смеса се додаваат и останатите состојки кокосот, оревите, мелените бисквити и сето тоа убаво се меша со рака додека не се добие убаво тесто.
4. Со рака се оформуваат бомбици и се валкаат во кокос.

* За тестото треба многу мешање, со цел сите состојки убаво да се соединат.
* Доколку не сакате целата смеса да ја направите во вид на бомбици можете да ја направите и во вид на пралини.
* По желба бомбиците можете да ги валкате во мелени ореви, мелени бисквити или пак да ги прелиете со топено чоколадо и да ги наросите со разнобојни трошки.