Пердув Торта
Состојки
- За кора
- 7 супени лажици готов прашок за торта
- 2 јајца
- 1/2 пакетче пециво
- 50 мл вода
- За фил
- 15 супени лажици шлаг крем
- 120мл вода
- 3 супени лажици бел еурокрем
- 3 супени лажици црн еурокрем
- 200 гр бисквити
- 70 мл млеко за потопување на бисквитите
Подготовка
Смесата за пандишпанот јајцата водата и пецивото се мешаат убаво и се става во подмачкано плехче бр 24. Смесата се пече на 200 степени и потоа се остава да се излади.
Врз изладената кора се премачкува со бел крем и се реди еден ред бисквити потопени во млеко. Шлаг кремот се мати со водата убаво и пола од шлагот се истура врз бисквитите. Врз шлагот се реди уште еден ред од бисквитите и потоа се премачкува со црн крем.
Се завршува со шлаг и се посипува со трошки. Се става во фрижидер 1 час да омекнат бисквитите. Оваа торта е премногу лесна за јадење.
Јас во првиот дел од шлагот си ставив малку и какако, но тоа е по желба.