Испечати

Чоко коцки

Чоко коцки

Состојки

  • Пандишпан
  • 6 белки
  • 6 лажици шеќер
  • 3 лажици брашно
  • 1/2 пециво
  • 100гр сецкани ореви
  • Чоко крем
  • 10 жолчки
  • 17 лажици шеќер
  • 2 ванили
  • 6 лажици брашно
  • 350мл млеко
  • 1 маргарин
  • 2 чоколада
  • Декорација
  • 1 шлаг пена
  • 100мл млеко
  • 3 лажици готов карамел

Подготовка

1. Пандишпан
Се матат 6 белки со шеќерот во цврст шам, се додаваат брашното, пецивото и оревите и се промешува со лажица, се става во правоаголен плех бр. 40 и се пече на 180 С, 20 минути.
2. Чоко крем
Се матат 10 жолчките со 6 лажици брашно и малку млеко. Останатото млеко со шеќерот се става на оган и кога ќе почне да врие се додаваат жолчките и се вари крем, исто како пудинг. Откако ќе ја добие потребната густина се трга од оган и се додава 200 гр чоколадо, се меша додека се растопи чоколадото и се трга настрана да се олади. Откако ќе се олади се миксира маргаринот и се соединува со оладениот крем.
3. За декорација
Се мати шлагот со млекото додека да ја добие потребната цврстина, па се додаваат 3 лажици готов карамел и миксира кратко колку да се соедини.
4. Се филува кора, чоко кремот и на крај шлагот. Јас врз шлагот украсив со чоколаден прелив.
5. Забелешка
Обично кога го правам овој колач или во пандишпанот ќе ги употребам сите 10 белки или ќе го направам со 6 белки како сега, а со останатите 4 ќе изматам шам, па во него ќе додадам 3 лажици готов карамел, но сега ги употребив за целуфки, па затоа декорирав со шлаг. Исто така готовиот карамел може да го заменете со домашно приготвен. Како и да е секако нема да погрешите, овој колач е преубав и кремаст, ние дома го обожаваме и многу често го правам.