Испечати

Природен ментол ликер

Природен ментол ликер

Состојки

  • 1 литар лозова ракија
  • околу 1 шолја од 250 мл шеќер
  • околу 7 гранчиња свежо нане

Подготовка

И ова не е некој рецепт, ами повеќе идеја, која освен со нане можи да се направи и со други миризливи тревки на многу едноставен и одокативен начин базиран спрема јачината на вкусот и блажината на ликерот кој посакувате да го добиете.
Во шише ставете ги сите состојки, промешајте и оставете го на сонце еден месец. За тоа време повремено протресувајте го шишето. Доколку сметате дека сте ставиле малку шеќер или сакате уште појак вкус на ментол, додадете си. Откако ќе го добиете посакуваниот ликер на вкус, мирис и боја, отприлика по еден месец, не заборавајте да ги извадите гранчињата нане.
Доколку пак не сакате благи ликери, изоставете го шеќерот и ќе добиете ракија со вкус на ментол. Во овој случај исто така можи да пробате и со анис.