Ориз со пилешко и крема од брокула
Состојки
- 220гр. ориз
- 4 пилешки копани
- 1/2 главица кромид
- 2 моркова
- 1 парче целер
- 150гр. свежи шампињони
- по потреба маслиново масло, мешан сув зачин, мелен црн бибер
- За крема
- 250гр. брокула
- 2 чешниња лук
- 1/2 лажиче кари во прав
- на врв ма лажичка куркума
- малку маслиново масло
- по потреба сол, бибер, вода во која се варела брокулата
Подготовка
Најпрвин сварете ги копаните, па откако ќе се оладат оделете го месото од коските и искинете го на парчиња.
Сварете го и оризот.
Во тава на оган ставете маслиново масло. Додајте ги сецканиот кромид, сецканиот целер, ренданиот морков и шампињоните исечени на листови.
Откако зеленчукот ќе омекне додајте го месото и кратко пропржете.
На крај додајте го оризот.
Зачинете со мешан сув зачин и црн бибер.
Во тенџере со вода ставете ги цветчињата брокула да се обарат(7-10 минути), па потоа префрлете ги во блендер,
Додајте го лукчето, карито, куркумата, малку маслиново масло и од водата во која се варела брокулата(количината одредете си ја сами зависно од тоа колку густа сакате да ви биде кремата).
Посолете, наросете бибер и се заедно изблендирајте.
Послужете со претходно подготвениот ориз.