Испечати

Декоративни кошнички

Декоративни кошнички

Состојки

  • 130 гр брашно
  • 60 гр путер
  • прстофат сол
  • прстофат шеќер
  • 1/2 лимонова кора
  • 1/2 јајце

Подготовка

1. Сите состојки се замесуваат наеднаш
2. Тесстото се става во фрижидер покриено со растеглива најлонска фолија да отстои 1 час, да се излади
3. Од изладеното тесто поделувам 12 еднакви делови, се растегнуваат корички во силиконски калапи или калап за мафини
4. Може да се рассука голема кора од тестото и со модли да се сечат форми на цвет и да се ставаат како такви во калапот за мафини за да има странично како латици од цвет
5. Се пачат кошничките околу 20 мин на 180 С
6. Потоа се полнат кошничките со посакуваниот фил - јас ги полнев со руска салата сега, а инаку ги полнам и со фил од ајвар или француска салата, или салата од урда и сл.
.............од оваа доза излегуваат 12 кошнички.