Сладолед торта
Состојки
- едно тесто(потребни се три)
- 4 белки
- 4 лажици шеќер
- 4 лажици брашно
- една третина од пециво
- фил
- 12 жолчки
- 300гр шеќер
- 250гр путер
- 1л слатка павлака
- 100гр шарени украсни трошки
- 100гр црна чоколада
- 100гр бела чоколада
Подготовка
На почеток сакам да се заблагодарам до тимот на МоиРецепти за можноста да бидам на оваа прекрасна страна. Голема благодарност до сите мои пријтелки кои ме подржуваат и ги следат моите рецепти онака како што јас ги следам рецептите на сите членки. Еве ја мојата скромна 100 за која чекав малку потопло време да се разладиме со нејзиниот преубав вкус.
Подготовка
На почеток ги подготвуваме трите пандишпана. Во сад за матење оделуваме четири белки кои ги матиме со четири лажици шеќер. Одкако ќе добиеме густа пена го додаваме брашното и прашокот за пециво и матиме со најмала брзина на миксерот. Смесата ја печеме во округло тавче број.26 обложено со хартија на 180 степени петнаесет минути. Вака подготвуваме три пандишишпана.
Подготовка на филот
Жолчките заедно со 300гр шеќер ги матиме на пареа додека не добиеме убав крем. Кремот го оставаме да се излади. Путерот го матиме пенесто и го мешаме со ладниот крем од жолчки. Слатката павлака ја матиме и во неа ја додаваме кремата со жолчки и повторно матиме. Целиот фил го делиме на три дела, во првиот фил ставаме шарени трошки, во вториот сецкана црна чоколада, во третиот сецкана бела чоколада.
Почнуваме со тесто-фил со шарените трошки, тесто-фил со црна чоколада, тесто-фил со бела чоколада.
Забелешка
Во филовите може да се стави и различно овошје. Може да се додаде и мелени ореви или лешници.Најдобро е да се филува во калап кој се отвара странично или во длабоко тенџере.
Добар апетит!!!