Рококо Торта
Состојки
- за паниспања
- 7 јајца
- 7 лажици шеќер
- 2 лажици презла
- 2 лажици брашно
- 1 пециво
- 3 лажици мелен орев
- 50гр. рендано чоколадо
- за фил
- 300гр. мелени ореви
- 2 лажици врело млеко
- 1 ванила
- 3 лажици рум
- 200гр. црно чоколадо
- 250гр. маргарин
- 250гр. шеќер во прав
- за декорација
- црн крем и бели чоколадни топчиња
Подготовка
Рококо торта, за мене класика особено филот специјално подготвена за роденденот на мојот сопруг.
Најпрво оделете ги белките од жолчките. Белките избијте ги во цвсрт снег заедно со шеќерот и потоа постепено додавајте ги жолчките. Кога убаво ќе се избијат додадете ги брашното и презлата со пецивото. Мешајќи додадете ги оревите и чоколадото и смесата истурете ја во тркалезно тавче бр.30 обложено со хартија. Печете на 180 степени околу 25 мин.
За филот најпрво оревите попарете ги со врелото млеко и ванилата и потоа додадете го и румот. Чоколадото стопете го на пареа и ставете го во смесата со оревите. Убаво измешајте и додадете го маргаринот претходно избиен со шеќерот во прав. Паниспањата кога ќе се излади сечете ја половина. Врз едната половина ставете половина фил, над филот другата паниспања и остатокот од филот. Најгоре ишарајте со црн крем и чоколадирани топчиња!!!