Овошно-јогуртен десерт
Состојки
- 250 гр кајсии (може и било кое друго овошје)
- 250 мл кисело кравјо млеко
- 1 пакетче ванилин шеќер
- 500 мл кашест сок од кајсии
- 4-5 лажици шеќер
- 2 лажици густин
Подготовка
1. Во 100 мл сок се раствара густинот (некогаш ставам и 1 пудинг од ванила наместо густин или пак со друг вкус пудинг ако и овошјето е друго, а не кајсии)
2. Останатите 400 мл сок од кајсии се ставаат на огин да зовријат и во нив се додава растворениот густин или пудинг и се вари додека да згусне
3. Се остава да се излади смесата
4. Кајсиите се блендираат во блендер
5. Во кајсиите се додава киселото млеко и ванилиниот шеќер
6. Потоа се додава и изладената смеса од густин
7. Се блендира се заедно
8. Се сервира во чаши или слично и се остава да се лади
Не е сладолед, но е вистинско летно уживање, а и одлична замена за некој полесен оброк