Пудинг мафини
Состојки
- 1 филџан = 120 мл
- 2 јајца
- 8 лажици шеќер
- 1 филџан масло
- 1 филџан кисела вода
- 1/2 пак. прашок за пециво
- 100 гр ситен кокос
- 140 гр брашно
- За пудинг полнење
- 1 пак. пудинг со вкус по желба (овде е користен со вкус на малина)
Подготовка
Најпрво подгответе го пудингот спрема упатството на кесичката, со препорака да додадете уште 2 лажици шеќер плус. Покријте го и оставете го да излади.
Со помош на жица за матење измешајте ги сите состојки по ред. Калапите за мафини полнете ги скоро до половина со смесата за тесто. Потоа, во секое во средината ставете од оладениот пудинг, па одозгора прелијте ги повторно со смесата од тестото за да се покрие.
Бидејќи јас ги правев од пудинг со вкус на малини, одозгора за декор ставив по една малинка, онака за мој мерак, за изглед. Ако имате при рака свежи и ги правите со овој вкус, можи да вметните во делот со пудингот, секако предходно измиени и добро исушени.
Печете на 180Ц додека благо не поруменат.
На крај и по желба и можност, послужете ги одозгора со шлаг пена и некој овошен прелив.
Забелешка- Рецептот настана по моја спонтана желба. Имав намера пудингот да не го оставам да се здрвува целосно и потечен да го ставам како полнеж. Околностите поинаку наложија. Си реков ќе ја истерам намерата и вака, па дојдов до една неочекувана забелешка... мислев кога ќе го ставам пудингот иако е здрвен под дејство на топлината тој повторно ќе се направи како тогаш сварен. На последната слика е доказот за мојата љубопитност. Мафинот е сликан распарчен веднаш после печење, уште жежок-пудингот си ја задржа својата структура.
И за крај на моето размислување
Вака изгледаат како да се полнети со пудинг филот, а ако би бил топол истиот, тогаш веројатно ќе дојдеа како филовани. Но, ќе пробаме баш и ќе видиме дали успешно го потрошив времето на толку размислување ; )