Испечати

Најбрзите макарони со јајца и сирење

Најбрзите макарони со јајца и сирење

Состојки

  • 500 грама макарони
  • по потреба/желба сирење
  • малку масло
  • 4-6 јајца

Подготовка

Ќе ме благосиљате цел живот за рецептов финтица. Побрзо и повкусно не може да биде.

Во големо тенџере ставете ги макароните да се варат. Пожелно е тенџерето да е поголемо (3-4 л), но и касеролата врши работа, само ќе треба повнимателно да се меша.
Кога ќе се сварат макаронитд, се прецедуваат и се оставаат во цедалката на кратко.
Во тенџерето сипете масло колку да го покрие дното и вратете го на оган.
Кога ќе се вжешти маслото истурете ги макароните и мешајте убаво да се распореди маслото рамномерно врз макароните.
Додадете ги јајцата и мешајте постојано. Јајцата може да бидат предходо изматени, но јас си ги ставам и цели, па со мешањето се распоредуваат како што треба.
Со дрвена лажица мешајте постојано и внимавајте да не залепи на дното. Ќе забележите кога јајцата ќе бидат готови.
Сервирајте во чинија и нарендајте сирење по желба.

Сум ги спремала и без масло, малку повеќе мешање и гребкање до дрвената лажица треба, но со масло се повкусни.

Едноставно, а феноменално. Е тоа е кога готви мрзлива домаќинка =))
Мислев дека рецептов сите го знаат, но сфатив дека никој не ја знае финтава и решив да ја споделам. Да не ве мислам дека сте гладни =))