Пријателски колач
Состојки
- За додавање по денови
- 250 гр шеќер
- 250 мл млеко
- 250 гр брашно
- За последниот ден и колачот
- 250 гр шеќер
- 250 мл млеко
- 250 гр брашно
- 3 јајца
- 250 мл масло
- 250 гр брашно
- 1 ванилин шеќер
- 1/2 лажичка пециво
- 1/2 лажичка сода бикарбона
- 1/2 лажичка цимет
- 100 гр сечкани ореви
- 100 гр сечкано суво грозје
- 50 гр рендана чоколада
Подготовка
Овој колач ви го претставувам како еден од највкусните колачи кој јас сум го подготвувала, а е од типот на куглоф, сув колач. За да го подготвите потребна ви е маја, која ќе треба да ви ја даде некој пријател или пријателка и која потоа ја делите со вашите пријатели.
Целта што го презентирам овде е да ви укажам на тоа дека доколку некој сака да ви подари маја, да не ја одбивате, затоа што колачот е превкусен. Инаку јас за прв пат го подготвував пред некои 13-14 години, и сега по толку време бев особено среќна што мајата повторно дојде кај нас дома, се разбира подарена од пријателка.
Првиот ден кога ќе ви ја дадат мајата и ставате 250 гр. шеќер
Вториот ден и ставате 250 мл млеко
Третиот ден и ставате 250 гр брашно
Четвртиот ден само ја промешувате исклучиво со дрвена лажица.
Петиот ден и доставате 250 гр шеќер, 250 мл млеко и 250 гр шеќер. Промешувате со дрвена лажица и смесата ја делите на 4 дела.
Во својот дел додавате 3 јајца изматени со дрвена лажица, зејтин, брашно, ванилин шеќер, ½ пециво, ½ лажиче сода бикарбона, цимет, ореви, суво грозје и чоколада.
Мешате со дрвена лажица го премачкувате куглофот или тавчето со масло и печете на 180 степени околу 50 минути. За да знаете дали е печено пробувајте со чепкалка. Ако нема тесто односно останува сува чепкалката, во тој случај е печено.
Останатите три дела всушност е маја која треба да ја поделите на пријателите, за да и тие си го направат овој прекрасен колач.
Се надевам дека ќе ви пристигне од вашите пријатели и ќе го пробате овој рецепт.