Испечати

Брзински сладолед од овошје

Брзински сладолед од овошје

Состојки

  • 300 гр смрзнати јагоди
  • 3 смрзнати банани
  • 1 лажица мед или агаве сируп
  • 1 парче кандиран ѓумбир
  • 50 гр лешници
  • 50 гр брусници
  • 2-3 лажици мелени посни бисквити

Подготовка

Сега ќе ви презентирам домашно подготвено, вкусно, освежително и здраво сладоледче. Многу комбинации може да се направат од јагодите и бананите, ама јас се одлучив на оваа посна варијанта.

1. Бананите ги сечеме на парчиња и ги ставаме во кеса, па во замрзнувач, неколку часа.
2. Јагодите исто така треба да ни бидат смрзнати.
3. Ги вадиме од замрзнувач и ги ставаме секое посебно во сечко. На јагодите им додаваме сечкан кандиран ѓумбир и мед или некој друг засладувач.
4. Бананите ги делиме на три дела, па откако ќе ги изблендираме им ставаме мелени бисквити, брусница и сечкани лешници.
5. Ги редиме топките или пак со лажица ставаме во чашки, редослед по желба.
6. Украсуваме со листови од нане.
Инаку, се трудам постојано во летниот период да имам замрзнато овошје кое за миг се претвара во вистинско освежување.
Овие состојки се доволни за 4 вакви порции. Можете да стопите и чоколадо, да додадете чоколадни трошки, кисела павлака и многу други комбинации, а сето ова зависи од вкусот.