Испечати

Лешник раванија

Лешник раванија

Состојки

  • филџан=130мл, шолја 230мл
  • 4 јајца
  • 2 филџани шеќер
  • 1 филџан масло
  • 1 филџан кисела вода или млеко
  • 1,5 филџан гриз
  • 1,5 филџан потпечени мелени лешници
  • 1,5 филџан брашно
  • 1 пак. прашок за пециво
  • - шербет -
  • 3 шолји вода
  • 2 шолји шеќер
  • 2 пак. ванилин шеќер

Подготовка

Еве еден предлог за кога ви „паѓа шеќерот“ и сакате нешто шербетлиско и набрзинка...

Јајцата и шеќерот убаво се матат. Се додаваат маслото и млекото или киселата вода и на крај гризот, брашното, лешниците и пецивото.
Смесата се истура во намастено тавче 30 и се печи на 175Ц.
Во меѓувреме се вари шербетот, кој треба да врие околу 5 минути. Ванилите се додаваат на самиот крај.
Потурете млако со млако.