Брза пудинг торта
Состојки
- 700 мл млеко
- 3 лажици шеќер
- 2 пудинзи со вкус на ванила
- 2 лажици густин
- 120 гр маргарин
- 100 гр шеќер во прав
- 120 гр кршени бисквити
- 100 гр чоколадо
- 10 цели бисквити
- 100 гр изматен шлаг
Подготовка
Најпрво во касерола на оган се ставаат млекото, шеќерот, густинот и пудингот и се варат до згуснување.
На страна се мати маргаринот со шеќерот во прав и се додава во жолтиот крем.
Филот се дели на 3 дела.
Првиот останува жолт.
На вториот дел му се додаваат кршени бисквити.
На третиот дел му се додава растопеното чоколадо.
Сега дното на правоаголен калап се обложува со бисквити.
Врз него се става жолтиот фил па филот со чоколадо, па филот со бисквити.
Се остава во фрижидер 2-3 часа да се излади и стегни.
На крај се превртува тортата од послужавникот и се декорира со изматен шлаг.
Се чува во фрижидер до служење.
Брзо, лесно, вкусно.