Испечати

Суши (Sushi)

Суши (Sushi)

Состојки

  • 200 гр ориз
  • 60 мл јаболкова киселина или киселина од ориз
  • 1 лажиче сол
  • 25 гр ситен шеќер
  • 150 гр чаден лосос
  • 3 листа алги
  • 1 чаша од 200 мл вода
  • сос од соја за послужување

Подготовка

Суши е јапонско јадење од ориз во кој се додава киселина од ориз и свежа риба како лосос или туна завиткани во алга. Исечени на мали ролатчиња се јадат намакани во соја сос.
Ова е начин на кој јас ги направив во мојата кујна.
Најпрво се подготвува оризот.
Оризот се мие неколку пати со ладна вода додека излезе целата бела вода што излегува при миењето. Потоа се остава да стои 10 минути во чиста вода.
Се истура водата и оризот се става во тенџерче. Се додава вода колку да се покрие оризот околу една чаша од 200 мл. Оставете го да зоврие на висока температура, а потоа покријте го со капак, намалете ја температурата на минимум и оставете го да вари околу 8-10 мин без мешање, но внимавајте да не загори.
Додека се вари оризот во сад се мешаат киселината, шеќерот и солта. Јас додадов јаболкова киселина но вие ако имате или набавите киселина од ориз слободно ставете како што е во оргиналниот рецепт.
Откако ќе се свари оризот се додава мешавината од киселина, лесно се меша и се покрива со изводената крпа да олади.
Се зема еден лист алга и со ножици или со остар нож на даска се сечи на половина.
На работната маса се става едно парче најлонска фолија.
Се зема еден исечен лист од алгата и со мазната страна надолу се става над фолијата. Бидејќи оризот е леплив прво рацете навлажнете ги со малку вода и наредете од оризот и израмнете го со притискање на прстите, а на крајот се остава околу 2 цм празно место.
По должината на оризот се реди парче од лососот со дебелина од 7-8 до 10 цм.
Со помош на фолијата се витка ролат. За убаво да се завитка и да се спојат краевите на алгата треба да се внимава да нема премногу ориз, на пример за секоја половинка по околу 80-90 гр од сварениот ориз.
Така оформените ролатчиња со влажен нож исечете ги на 6 парчиња и
послужете ги со соја сос.
Ете ова беше мојата изведба за суши, се надевам ќе ви се допадне.