Испечати

Меки кајзерици со ’ржано брашно

Меки кајзерици со ’ржано брашно

Состојки

  • 2 лажички брашно
  • 4 лажици шеќер
  • 1 сув квасец
  • 50-60 мл вода да стаса квасецот со горните состојки
  • 750 гр бело брашно со 40% ржано брашно во него
  • 1 лажичка сол
  • 12 лажици масло
  • 500 мл вода
  • За премачкување
  • 2 лажици сенф
  • 1 лажица брашно
  • 3 лажици вода
  • 1 лажица масло
  • 2 лажици мелено семе од сусам
  • 2 лажици мелено семе од тиква

Подготовка

Немам нешто посебно да кажам, освен дека се меки, вкусни и одлично одат со секое јадење.
Го ставаме квасецот да се активира со останатите состојки. Во сад го ставаме брашното, маслото, солта и замесуваме со млаката вода, на меко. Тестото го удираме од висина едно 30-40 пати и потоа го ставаме да стаса намачкано со масло. Бидејќи е со ржано брашно, ќе му треба малку подолго време за стасување.
Откако ќе се дуплира тестото, го размесуваме и од него правиме топчиња, на масло, кои ги редиме во подмачкан со масло, плех или пак на хартија за печење. Секое топче го мачкаме со масло, па со смесата со сенф и одозгора посипуваме со мелените семиња. Ги оставаме некои 10-15 минути да стасаат па ги печеме во загреана рерна на 200 степени, додека да поруменат.
Можеби и нема да ви треба толку вода за замесување на тестото, ама тоа зависи од влажноста на брашното.