Домашен чипс во микро
Состојки
- 1 компир
- мешан сушен зачин по вкус
- малку масло
- хартија за печење
- микровална печка
Подготовка
Морате да го пробате чипсов. Единствен услов за подготовка е да имате микровална печка и добра воља да зготвите нешто домашно.
Компирот излупете го и исечкајте го на тенки листови. Оставете ги во ладна вода некои 10 минути за да излезе скробот од нив.
На хартија за печење, која сосема малку ја намрсуваме (а и не мора) ги редиме листовите од компир, еден до друг, ама да не се преклопуваат. Со четка малку ги премачкуваме со масло. Ги зачинуваме по желба. Јас овој пат само мешан сушен зачин ставив, а вие како сакате. Можете со црвен пипер, пченкарно брашно, оригано и уште многу други комбинации. Ги ставаме во микровална и ја уклучуваме на 4 минути.
Вуала! Чипсот е готов.
Е сега, проблем е што многу малку ќе испечете, па затоа ќе ви биде потребно повеќе време. За од еден компир да се добие една мала здела чипс, се потребни околу 25-30 минути. Ама крајниот резултат е вистинско уживање. Веднаш кога ќе го извадите од микровалната, одвојте го од хартијата.
Инаку рецептов ми е од мајка ми, која пак го прочитала во весник.