Испечати

Брза кекс торта (без печење)

Брза кекс торта (без печење)

Состојки

  • 500 гр бисквити
  • 100 гр аранчини
  • 300 гр желе бомбони
  • 7 сецкани млечни чоколатца
  • 600 мл млеко
  • 5 лажици шеќер
  • 2 пудинга ванила
  • 200 мл кисела павлака

Подготовка

Побрзо и поедноставно здравје.
Се варат пудинзите со шеќерот и млекото, па кога ќе свари крем се додават кршените бисквити, сецканите аранчини, сецкано желе и чоколатцата. Се промешува убаво да се соединат состојките. На крај се додава киселата павлака и пак се меша убаво.
Добиената смеса се истура во калап по ваша желба и се остава да се олади и стегне. Се вади од калапот и се декорира по желба.