Брзи мини пирошки
Состојки
- 350 гр. брашно
- 3 јајца
- 300 гр. сирење
- 150 мл. јогурт
- малку сол
- половина лажичка сода бикарбона
- 1 пециво
Подготовка
Вкусен и многу лесен рецепт!
1. Во длабок сад најпрво ги матиме трите јајца.
2. Потоа го додаваме сирењето претходно добро изгмечено, ставаме малку сол, половина лажичка сода бикарбона, брашното помешано со пецивото и на крај го додаваме јогуртот и замесувам тесто.
3. Го замесуваме тестото.
4. Откако добро ќе се измеси, го сучеме додека добие дебелина од 1 см.
5. Од расуканото тесто сечеме ленти.
6. Потоа, на добро загреано масло ги пржиме мини пирошките.
Бон апетит!