Манџа од мисиркини копани
Состојки
- 2 мисиркини копани
- 1 главица сецкан кромид
- 1 сецкан морков
- 1 сецкан црвен домат
- 1 помало сецкано тикве
- 1 сецкана пиперка
- 300-400 мл вода
- зачин, сол, бибер, кари, магдонос, маслиново масло, црвен пипер
- 500 гр мали компирчиња
Подготовка
Прво се ставаат мисиркините копани во вода да се сварат.
На загреано маслиново масло прво се пропржува кромидот, па се додаваат останатите зеленчуци да се издинстаат да им испари сопствениот сок.
Се зачинува.
Се додава исчистеното месо од кожата и коските, црвениот пипер и се налива вода и се остава на тивко да крчка.
Пред крај се додаваат млади ситни компирчиња.
Се сервира со сезонска салата.
Вкусен, лесен ручек.